English  Italian  Spanish  Macedonian  Bulgarian   
Back    

Социјално земјоделство во Европа: Здружението Институт за развој на заедницата на завршен состанок во Тетово, Македонија

На 20 Септември 2019 година во Тетово, Македонија беше одржан завршниот состанок во рамките на ФАССТ проектот (Formazione per Agricoltura Sociale e Sviluppo Territoriale/ Обука за социјално земјоделство и територијален развој), кофинансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија.
Целта на проектот ФАССТ е да се унапреди ефективноста на социјалното земјоделство на системски и практични нивоа преку развивање конкретна и релевантна обука за секторот (и за провајдерите на услугите и социјалните земјоделци), доставување на обуката за тест и валидација, развивање на систем на одржливост, вклучување на главните текови и навлегување во тренингот преку Платформата за отворени образовни ресурси покрај ко –финансирањето од Европската Комисија.

Во текот на проектот создадена е Платформата за отворени образовни ресурси со слободен пристап за сите

За време на состанокот, партнерите ја ревидираа Платформата за отворени образовни ресурси и ги финализираа курсевите за обука. Исто така ги дефинираа доставувањето на обуката во фазата IO4 - Тест и валидација, како и алатките и методите за собирање повратни информации од учесниците.

За време на состанокот исто така се зборуваше за споделување на резултати од проектот и важноста да се постигне што поголема видливост на истиот. За таа цел, во наредните месеци ќе се одржат посебни настани за мултиплицирање од страна на сите партнери во нивните држави.

Со цел да се поттикне поголема видливост на проектот, белгискиот партнер IHF го претстави планот за дисеминација, посочувајќи го најдобриот начин како да се најдат и како да се допре до членовите на Европскиот парламент за да ги вклучат на ниво на дисеминација.

Улогата на ИРЗ во овој проект е да учествува во развојот, дизајнот, тестирањето и валидирањето на FASST курсеви. По периодот на тестирање и валидација, ИРЗ ќе ги дефинира упатствата за идна обука и нивно идно усвојување.