Визијапретставува опис на тоа што една организација би сакала да постигне или исполни во среднорочна или долгорочна иднина. Наменето е да служи како јасен водич за избор на тековни и идни насоки на дејствување.
Мисијата ја опишува функцијата на компанијата, пазарите и конкурентните предности што значи, кратка, напишана изјава за бизнис целите и филозофиите. Една мисиска изјава ја дефинира организацијата и причината на нејзиното постоење.
Визија:Да се создаде подобро секојдневие за многу луѓе
Мисија:Нашата бизнис идеја ја поддржува нашата визија преку понуда на широк спектар на добро-организирани, функционални производи за домаќинство по цени толку ниски кои што повеќе лица би можеле да си ги дозволат.
Визија:свет во кој основните потреби на луѓето- како што се засолниште, чиста вода, хигиена, храна и издржлива струја – се исполнети на еден еколошки одржлив начин и една компанија која го подобрува квалитетот на околината и заедниците каде што живееме и работиме.
Мисија:да се овозможи економски раст преку инфраструктурен и енергетски развиток и да се обезбедат решенија кои ги поддржуваат заедниците и ја штитат природата.
Бизнис стратегија е сет на конкурентни движења и дејствија кои стопанството ги употребува за да привлече клиенти, успешно конкурира, ги засилува можностите и постигнува оганизациските цели. Во неа е наведено како треба да се спроведе бизнисот за да се пшостигнат посакуваните цели.
Дефинирање на засегнати страниКликни за да прочитaш:
Засегнатите страни можат да бидат лице, група, или организација кои имаат интерес или се грижат за некоја организација или компанија.
Засегнатите страни може да влијаат или да биде влијаено врз нив од страна на дејствијата, задачите и политиките на компанијата.
Неколку примери на клучни засегнати страни се кредитори, вработени, влада (и нејзини агенции), сопственици, набавувачи, клиенти, синдикати и заедницата од која бизнисот ги влече ресурсите.
Не се сите стејкхолдери исти. Нопходно е да се разбере кои се главните стејкхолдери и нивната важност/потреби.
Прво треба да процените кои инвестиции се потребни за да го почнете Вашиот бизнис
Инвестиции
Дефиниција за инвестиција:
Инвестиција претставува капитал или предмет стекнат со цел на генерирање приходи. Во економска смисла, инвестиција претставува набавка на производи кои не се трошат денеска туку се употребуваат во иднина за да создадат богатство.
Прашањето е…. Што Ви треба за да го започнете вашиот нов бизнис?
Колку долго ќе можете да ги употребувате?
Но исто така може и да Ви треба.....
При започнување на Вашиот бизнис, мора најпрво да ги наведете сите Ваши инвестиции и да ги дефинирате нивните цени.
Евентуалните даноци како ДДВ треба да се дефинираат исто така.
Исто така, треба да се дефинираат и другите набавки, дури иако не се сметани за «инвестиции». Исто така, во овој случај, евентуалните даноци како ДДВ треба да бидат познати и предвидени однапред.
Од сметководствена гледна точка, ќе треба да ги одделите инвестициите од другите набавки.
Инвестициите ќе бидат пријавувани година по година и ќе бидат вклучувани во про квотата на секоја фискална година на нивната употреба.
Другите набавки ќе бидат пријавувани само во фискалната година на нивната употреба.
Од финансиска гледна точка, ќе Ви требаат доволно пари за да го купите и капиталот кој ќе биде сметан за «инвестиција», како и другите производи или набавки.
Поради ова, важно е да се знае колку точно пари ќе Ви требаат.
Акционерскиот капитал не се исплаќа назад. Тој ќе остане во организацијата цело време додека таа опстојува.
Партнерите со тек на време ќе го повратат ако ја продадат фирмата или неколку нејзини акции или пак кога ќе ја затворат.
Поради овие причини, акционерскиот капитал е секогаш долгорочен.
Акционерскиот капитал не предизвикува камати. Но, ова не значи дека теоретски тој нема никаков трошок.
Всушност, претприемачите може да ги инвестирале тие пари на друго место. Поради ова, сопственичкиот капитал би требало да произведува профит за својот сопственик во форма на дивиденди.
Во најголемиот број на земји, акционерскиот капитал е задолжителен и треба да следи одредени правила.
Многу организации ги употреуваат и акционерскиот капитал и капиталот од трета страна.
Проблематиката е поповрзана со употребата на краткорочниот (капитал од трета страна) отколку со долгорочниот капитал (или трета страна или сопственички).
Постојат некои финансиски «златни правила» кои треба да се земат во предвид.
Во сметководство, ликвидност се дефинира како можноста на компанијата да се соочи со своите финансиски обврски како што доаѓаат благовремено.
Мерка на ликвидност е пресметка која се употребува за да ја измери можноста на компанијатада ги плаќа сопствените краткорочни долгови.
Една компанија би требало да е во можност да се справува со својата ликвидност на добар начин преку осигурување дека секогаш има доволно кеш за да се платат сметки, заеми, даноци итн.
Приходите се произведени од продажба на производи или услуги обезбедени од компанијата.
Приходите зависат од успехот кој компанијата го има на пазарот, во зависност од неколку фактори: квалитетот на производите и услугите, цената, побарувачката на пазарот.
Сепак, приходите стануваат кеш тогаш кога клиентот ја плати сметката или фактурата.
Важно е да се осигурате дека сите приходи ќе станат ефективен кеш.
Евалуација на одложените плаќањаКликни за да прочитaш:
Истото правило важи и за плаќањето.
Набавката се однесува на тоа што компанијата го купува од своите набавувачи и тоа создава сметка или фактура.
Кешот ја напушта компанијата само тогаш кога сметката е платена.
И клиентите и набавувачите вообичаено бараат одложено плаќање. Ова е консолидирана пракса.
Сепак, мора да процените многу внимателно кои одложени плаќања можете да им ги гарантирате на клиентите а истовремено да одржувате одложено плаќање и кај вашите набавувачи.
Банките нудат краткорочни финансиски алатки за решавање на привремени ликвидни проблеми.
Менаџирање на ликвидност на компанијаКликни за да прочитaш:
Исто така, неопходно е да се процени ликвидноста на компанијата, посебно на краткорочно.
Неопходно е да се осигурате дека клиентите ги плаќаат вашите фактури за да имате доволно кеш да ги платите сметките на набавувачите, даноците, платите, позајмиците, ....
Неопходно е да бидете свесни за алатките понудени од банките и нивните трошоци.
Анализите на готовинскиот тек се грижат за влезот и излезот на пари во и од компанијата за време на одреден период.
Студијата започнува со почетен баланс и предизвикува краен баланс откако е направена пресметка на сите готовински сметки и платени трошоци за време на тој период.
Финансиското управување е витална активност во која било организација. Тоа е идеална пракса за следење на финансиските активности на организацијата, како што се набавка на средства, користење на средства, сметководство, плаќања, проценка на ризик и сѐ друго поврзано со пари.
Со други зборови, финансиското управување е примена на принципите на општо управување со финансиските удели на една компанија. Ако финансиите не се управуваат правилно, една организација ќе се соочи со бариери кои би можеле да имаат сериозни последици за нејзиниот раст и развој.
Results
Да се развие визија, мисија и стратегија за неговата / нејзината социјална фарма
• Идентификување и соработотка со релевантните засегнати страни за остварување на целите на социјалната фарма
• Развивање на финансиски план
• Ракување со приходите и плаќањата
• Употреба на алатки за едноставно финансиско управување за да се процени финансиската состојба на фармата и да се предвидат потешкотии