English  Italian  Spanish  Macedonian  Bulgarian   
назад    

Конзорциум FASST во Коридонија (Италија) за состанок на FASST, проект ErasmusPlus

Конзорциумот FASST, 15 и 16 ноември 2017 година одржа состанок во Коридонија, Италија, во рамките на проектот "Formazione per Agricoltura Sociale e Sviluppo Territoriale" (FASST), проект поддржан од Еразмус плус програмата на Европската комисија, Клучен акција 2 , Стратешки партнерства за стручно образование и обука. FASST го спроведува конзорциум од 9 партнери од 5 европски земји (Италија, Белгија, Бугарија, Македонија, Шпанија). FASST ќе развие бесплатни онлајн и лице-в-лице модули за обука за да ги поттикне претприемачките иницијативи за социјално земјоделство во Европа. Конзорциумот започна со реализација на Проектот преку планирање на активностите на интелектуалниот резултат 1 за изградба на Платформата FASST и Виртуелната заедница. Потоа, партнерите ги изложија деталите за интелектуалниот резултат 2 со дискусија за заедничката методологија за Проценка на јазот во капацитетот. Првиот состанок, исто така, претставуваше одлична можност партнерите да се согласат со логото на проектот и веб доменот, со цел да ја поттикнат видливоста на проектот и да започнат со активности за дисеминација.